Стефанос Циципас го доби првиот сет против Шпанецот Педро Мартинес на Ролан Гарос и игра сигурно, но изведе и потег што ќе ве насмее.
Во текот на првиот сет грчкиот тенисер, кој е петти носител на гренслемот и еден од фаворитите за титулата, се обиде да смечува атрактивно, но ситуацијата се претвори во комичен момент.
Циципас ја загуби контролата, му летна рекетот од рака и потоа го загуби поенот, обидувајќи се да го врати ударот од Мартинес. Рекетот му беше на земја и не успеа да го крене навреме за да ја продолжи играта.
https://twitter.com/rolandgarros/status/1400099934343417857?s=20
Сепак, во продолжението на сетот Циципас изгледаше многу сигурно и го доби со 6:3 во гемови. Ако го победи Мартинес, ќе игра против опасниот бомбардер од САД, Џон Иснер, во третото коло на Ролан Гарос.