За најсмешни видеоинсерти во епизода каде е рекетот – Погледнете го смечот на Циципас на Ролан Гарос (Видео)

Стефанос Циципас го доби првиот сет против Шпанецот Педро Мартинес на Ролан Гарос и игра сигурно, но изведе и потег што ќе ве насмее.

Во текот на првиот сет грчкиот тенисер, кој е петти носител на гренслемот и еден од фаворитите за титулата, се обиде да смечува атрактивно, но ситуацијата се претвори во комичен момент.

Циципас ја загуби контролата, му летна рекетот од рака и потоа го загуби поенот, обидувајќи се да го врати ударот од Мартинес. Рекетот му беше на земја и не успеа да го крене навреме за да ја продолжи играта.

Сепак, во продолжението на сетот Циципас изгледаше многу сигурно и го доби со 6:3 во гемови. Ако го победи Мартинес, ќе игра против опасниот бомбардер од САД, Џон Иснер, во третото коло на Ролан Гарос.

 

- Оглас -

Најнови вести