Осмата трка од шампионатот во Ф1 за оваа сезона ќе се вози во Барселона. Возачите на Мекларен Оскар Пјастри и Ландо Норис се во улога на фаворити, а тука е и актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.
Интересно е дека за најтрофејниот Ф1 возач во историјата, Луис Хамилтон има една неверојатна квота. Дури 900 квота е ако Хамилтон биде најбрз во квалификациите, има најбрз круг и секако на крајот победи на трката. Само за победа во квалификациите, Хамилтон има квота од 35.
Хамилтон има седум шампионски титули (корекордер со Михаел Шумахер), потоа има најмногу победи 105, најмногу пол позиции 104 и дури 202 пати завршувал на пиедесталот меѓу најбрзите тројца.