За него би платиле и 100 милиони евра, а во јануари може да си оди само за 20!

Ако треба да му се верува на германски „Билд“, во договорот на Ерлинг Халанд со Салцбург има клаузула дека норвешкиот голгетер може да си замине од клубот уште во јануарскиот преоден рок, и тоа само за  20 милиони евра.

Халанд е еден од најбараните напаѓачи на светот, воодушеви со игрите во Лигата на шампионите (8 гола на пет меча),  каде што постави некои рекорди и катастрофа би било за Црвените бикови ако го продадат својот напаѓач за „ситни пари“ како 20 милиони, знаејќи дека налето би го продале неколкукратно поскапо.

Таткото на Халанд, кој има играно во Премиер лигата, неколку пати спомна дека Ерлинг сака да оди во Англија, а наводно прв на листата на желби му е Манчестер јунајтед, кој има норвешки тренер. Во Германија прва на редот за чекање е Борусија од Дортмунд, но и Јувентус не треба да се отпише поради влијанието на агентот Мино Рајола, кој беше клучен во трансферот на Матајс де Лихт.

 

- Оглас -

Најнови вести