Кристијано Роналдо постигна два гола, и двата од пенал, во победата на Ал-Наср на гости кај Ал-Итихад, во дербито на фудбалското првенство во Саудиска Арабија. Со овие два погодока Роналдо стигна до неверојатни 872 погодоци во кариерата.
GOOOOOOOOL DE CRISTIANO RONALDO
872
3×2
— Arielipillo (@arielipillo) December 26, 2023
Иако за малку повеќе од еден месец ќе наполни 39 години, Роналдо уште е незадржлив. Во годината која изминува за неколку дена Португалецот стигна до бројката од 53 гола и тоа го прави најдобар стрелец во светски рамки за 2023 година.
Зад Роналдо се Хари Кејн и Килијан Мбапе со по 52 гола, но за нив од натпреварувачки карактер заврши оваа година. Потоа следува Ерлинг Халанд од Манчестер сити со 50 погодоци, кој ќе игра уште два натпревари до крајот на 2023 година.