За него немаше место во тимот на Аморим, но понудите веќе почнаа да пристигнуваат на негова адреса

Руд ван Нистелрој три натрпевари беше на клупата на Манчестер јунајтед како привремен тренер по отказот на Ерик тен Хаг, а сè до доаѓањето на Рубен Аморим. Навивачите беа воодушевени од неговите резултати, но новиот тренер не сакаше да го задржи како дел од својот тим, па легендарниот Холанѓанец си замина од „Олд Трафорд“.

Ван Нистерлој веќе добива понуди на своја адреса, а во моментов е прв кандидат за тренер на Лестер, екипа која неодамна се раздели од тренерот. Токму Премиер лигата се чини дека ќе биде изборот на холандскиот тренер.

Руд ван Нистерлој доби понуда и од Хамбургер, но негов приоритет во моментов е преземање на екипа од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести