7.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

За него се водеше вистинска војна, а сега навивачите бараат да си замине

Барселона со пресврт загуби од ПСЖ (1-2) во Лигата на шампионите, а навивачите гневот го истурија врз Дани Олмо, фудбалерот за чија регистрација и право на настап за Каталонците се водеше вистинска војна со раководството на Ла Лига.

Каталонските навивачи не се задоволни од неговите настапи, па на социјалните мрежи може да се прочитаат низа коментари во кои се бара тој да биде ставен на трансфер-листа и да го напушти клубот.

„Веднаш ставете го Олмо на трансфер-листа. Доста е веќе, дури и премногу“, „Дани Олмо да го напушти мојот преубав клуб“, „Ајде Олмо, не можам уште долго да те барам“ и „Играч кој игра по еден добар натпревар месечно е Дани Олмо. Промаши уште еден зицер“, се само дел од коментарите на навивачите на Барселона на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести