39.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Јокиќ стана член на историската шестка во НБА со 80 трипл-дабл ефекти (Видео+Фото)

Никола Јокиќ доминираше против Јута џез и со нов трипл-дабл од 31 поен, 14 асистенции и 12 скока го предводеше Денвер нагетс до победа од 115:110.

Српскиот репрезентативец го забележа 80-от трипл-дабл и стана само шесттиот НБА кошаркар во историјата на најсилната лига на светот со 80, или повеќе тројни ефекти.

Пред Јокиќ се само Расел Вестбрук, Оскар Робертсон, Меџик Џонсон, Џејсон Кид и Леброн Џејмс, а од нив активен е само популарниот Кинг Џејмс.

Во сосема спротивно расположение е Далас маверикс, екипа која без Лука Дончиќ загуби убедливо со 144:115 од Чикаго булс.

Уште еднаш се покажа дека без импрсивниот Словенец, Маверикс се само просечен тим.

Во реприза на ланското НБА финале шампионот Голден стејт вориорс го декласира Бостнс селтикс со 123:107.

Тандемот Клеј Томпсон и Стефон Кари заедно постигна 66 поени, многу повеќе од најдоброто дуо на Келтите, Браун и Тејтум кои искомбинираа 49 поени.

https://twitter.com/NBAMuse24/status/1601760258598526977?s=20&t=vKFl5Fhk4LgW7IS3xv8vlQ

Останати резултати: Индијана – Бруклин 133:136, Вашингтон – Л.А. Клиперс 107:114, Кливленд – Оклахома 110:102, Портланд – Минесота 124:118.

 

 

- Оглас -

Најнови вести