Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, смета дека квалитетот на француската лига е на ниво на шпанската, а во делот на физичката подготвеност, тој предност им дава на француските екипи.
„Сите кои мислат дека француската лига не е сериозна, грешат. Според физичката подготвеност, нивото во Франција е многу подобро отколку во шпанската лига. Во Шпанија има повеќе индивидуален квалитет, но во Франција е потешко да се игра. Тука играш против две одбранбени линии во кои има по четворица фудбалери кои се двометраши. Многу е тешко, но треба да најдеш решение“ – вели Нејмар.
Бразилецот се рехабилитира од повредата на ногата која ја доби на меч со Стразбур, па не е во можност да игра во осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед. Сепак, „светците“ и без него остварија историски резултат на „Олд Трафорд“ и станаа првите кои во меч од ЛШ го победиле Јунајтед на негов терен со два гола разлика.