21.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

За Нејмар заврши сезоната

За најголемата ѕвезда во францускиот фудбал Нејмар сезоната е завршена. Бразилецот доби суспензија од три меча поради инцидентот по завршување на финалето на Купот против Рен. Додека поминуваше низ трибината за да го добие медалот за учество во финалето, Нејмар удри еден навивач, кој претходно го навреди фудбалерот.

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Франција го разгледа случајот и реши дека Нејмар не смеел така да реагира, иако бил испровоциран. Казната за Нејмар е три меча пауза, токму колку што остануваат мечеви за ПСЖ до крајот на сезоната.

ПСЖ веќе ја има обезбедено титулата во француското првенство, а утре игра против Анже.

 

- Оглас -

Најнови вести