За неколку недели од Мурињо научив повеќе отколку во целата кариера

Тами Абрахам е напаѓачот кој ова лето пристигна во Рома како замена за Един Џеко. Босанскиот репрезентативец по пет години си замина од Римската волчица, а Абрахам пристигна од редовите на Челзи. Во новиот клуб, Абрахам досега одигра 10 меча, а веќе има постигнато четири голa.

„Жозе има цел. Имаше големо влијание врз мене во разговорите пред моето доаѓање во Рим. Апсолутно сакав да бидам дел од неговиот нов проект. Уживам во Рим, уживам во работата со Мурињо. Од него, за тактиките во овие неколку недели научив повеќе од тоа што го знаев во текот на целата кариера“, вели Абрахам, кој има 24 години.

Абрахам е дете од школата на Челзи, каде што беше од 2004 до 2016 година, а потоа дебитира во Премиер лигата на позајмица во Бристол сити, Свонси и Астон вила, а за Челзи одигра вкупно 82 меча, во кои постигна 30 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести