За неверување: Ѕвезда во Премиер лигата поради бизарна причина одби да игра за својата репрезентација

Вилфрид Заха важи за една од ѕвездите во Премиер лигата. Иако можеби напаѓачот на Кристал палас не е во самиот врв на ова натпреварување, тој бележи одлични настапи за својот тим, каде што е можеби и најдобриот играч.

Но, тој одлучи веќе да не игра за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, а образложението за такво нешто е бизарно.

„Заха ми прати порака дека не сака да игра веќе за репрезентацијата бидејќи ми кажа дека тој секогаш се враќал болен во Англија кога играл за нас. Тоа е негова одлука, а јас не можам со сила да го повикам.

Мене ми се потребни војници, играчи кои на теренот ќе се жртвуваат за дресот што го носат“, кажа селекторот на оваа селекција, Патрис Бјомел.

БСК се лидери во својата квалификациска група за Светското првенство во Катар со 10 бода и имаат еден повеќе од второпласираната селекција Камерун, која има еден бод помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести