3.8 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

За Николов се интересираат екипи од Данска, Норвешка, Унгарија и Србија

Играчот од среден ред, Иван Николов, е во потрага по нов клуб. Фудбалерот кој ги помина сите младински категории за репрезентацијата на Македонија, а за У21 селекцијата има дури 23 настапи, дебитираше и за сениорскиот состав на дуелот против Саудиска Арабија во 2022 година.

Николов, кој во македонското првенство играше за Академија Пандев, Вардар и Брегалница Штип, во 2023 година направи трансфер во Сондерјиске во Данска. Минатата година играше и како позајмен играч во Вендсисел, а на 4 јануари оваа година постигна взаемна спогодба со Сондерјиске за раскин на договорот.

Реномираниот фудбалски инсајдер Руги Галети пренесува дека Николов во моментов има понуди од клубови во Данска, Норвешка, Унгарија и Србија, а во следните 48 часа треба да реши каде ќе ја продолжи кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести