34.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

За новиот играч на Реал Мадрид, најдобар фудбалер на светот е Меси!

Франко Мастантуоно, кој денеска на неговиот 18-ти роденден беше претставен како нов играч на Реал Мадрид, веднаш ја имаше и првата прес-конференција на која беше искрен и немаше проблем да каже дека за него најдобар на светот сè уште е Лионел Меси.

„Јас сум офанзивен играч, играм со левата нога, скоро секогаш на десната страна. Не сакам да се опишувам себеси, другите нека го прават тоа. Но, каде ќе играм, ќе одлучи тренерот, а јас ќе дадам сè од себе за да му помогнам на тимот и да ги направам навивачите среќни. Веќе разговарав со Чаби, за мене тоа беше многу важно. Неговиот повик ми даде многу самодоверба. Мојот прв сон беше да играм за Ривер и го остварив. Најголемиот тим во Америка. Мислам дека Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот. Тука сум за да оставам свој белег“, изјави Мастантуоно, кој сам го побарал дресот со бројот 30.

Франко рече дека за него се интересирал и ПСЖ.

„Беа заинтересирани за мене и имам најголема почит кон нив. Разговарав со Луис Енрике и тој беше многу јасен со мене. Му честитам за освојувањето на титулата синоќа“, рече тинејџерот.

На прашањето кој е најдобар на светот, Мастантуоно одговори: „За мене тоа е Меси. Јас сум Аргентинец и тој е најдобар“.

- Оглас -

Најнови вести