Најстарото градско фудбалско дерби во Европа, што го играат Селтик и Глазгов ренџерс можно е да не се одигра на 21. март по нередите што ги предизвикаа навивачите на Ренџерс викендов, при прославата на титулата.
Глазгов Ренџерс веќе ја освои шампионската круна, рекордна 55-та, но навивачите не се придржуваа до строгите протоколи за Ковид-19 при прославата, што доведе и до расправа во Парламентот на Шкотска.
Премиерката Никола Старџен бара цврсти гаранции дека нема да има навивачи на улиците на Глазгов, а сега одговорноста е на двата клуба со огромна традиција да се обидат да го организираат популарното Олд-фирм дерби без инциденти.
Ривалството меѓу двата клуба е огромна и започна во 1888 година со првиот меч што го доби Селтик со 5:2, а оттогаш се одигра уште 421 натпревар меѓу двата градски ривали од Глазгов.
Ренџерс имаат четири шампионски круни повеќе и пет победи повеќе од Селтик, 164-159, а 99 натпревари завршија нерешено.