За ова коло на Спортска прогноза не треба покана – Се игра Ел Класико и мегаанглиско дерби

Двете големи дерби-пресметки во Шпанија и Англија меѓу Реал Мадрид и Барселона и Ливерпул со Манчестер сити се вистински предизвик за сите да се одигра деветтото коло на Спортска прогноза.

Популарното Ел класико ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа е најславниот меч во клупскиот фудбал на планетата, заедно со Суперкласико во Аргентина, кога играат Бока јуниорс и Ривер плејт.

И овојпат вечните шпански ривали бијат битка за титулата и се двете водечки екипи во Ла Лига со по 22 бода и со по 7 победи, само едно реми и без пораз.

Трката за врвот на табелата во Шпанија му дава посебен шарм на Ел класико и секако е голем предизвик да се одигра деветтото коло на Спортска прогноза во организација на Sport Life и на Спорт Манија.

Играта е бесплатна и многу забавна, а во ова коло клучен за награди може да биде и мечот во Англија меѓу Ливерпул и Манчестер сити.

Англиското дерби секогаш е интересно, иако сега разликата е дури 13 бода во корист на шампионот Сити по само 9 кола во Премиер лигата.

Возбудливо треба да биде и на градското дерби во Италија меѓу Торино и Јувентус, потоа и во Шпанија на дуелот Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид, во една од најсложените рунди за прогнозирање во петте сезони на Спортска прогноза кај нас.

Наградите се одлични, а ако ги погодите сите 13 натпревари, ќе можете да си одберете подарок од трите предложени варијанти:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X  

Се наградуваат и прогнозерите што ќе утнат еден или два натпревари, па за погодена 12-ка, се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека за „фатени“ 11 пара ви следува ваучер од 500 денари.

Прогнозирањето за деветтото коло е во тек од вчера и последен рок за вашите прогнози е сабота до 15.30 часот, кога почнуваат два дуели од германската Бундеслига меѓу Вердер и Мајнц и Волфсбург и Борусија Менхенгладбах.

 


- Оглас -

Најнови вести