Мигел Оливеира постигна голем успех, денеска по вторпат победи во најсилната класа Мото ГП 500, на домашен терен во Портимао на Гран-При Португалија, а посебна радост му донесе триумфот против големиот идол Валентино Роси.
Потугалецот не крие дека е голем фан на популарниот Доктор, а и самиот објави фотографија од детските денови, како чека во ред за автограм од Роси.
Тогаш успеа да добие и потпис од големиот шампион од Италија и насмевка од Роси, а сезонава успеа и по вторпат да го победи на тркачка патека.
Првпат успеа во Австрија во август годинава, што му беше прв триумф во Мото ГП 500, а и денеска беше побрз од Докторот, со што триумфално со победа на домашен терен ја спушти завесата во сезоната 2019/20 во најсилната мото класа на светот.
Роси е еден од најдобрите претставници во овој спорт со вкупно девет шампионски круни, 7 од нив во премиерната клас, а тој е сопственик на многу индивидуални рекорди во светот на мотоциклизмот.
Пред него на вечната листа со најмногу титули во Мото ГП 500 класата е само Џакомо Агостини, кој беше шампион 8 пати, еднаш повеќе од Роси.