Сандро Вагнер беше тренер на германскиот бундеслигаш Аугсбург само 153 денови. Вагнер официјално беше избркан на 1 декември и тоа поради слабите резултати на екипата. По 15 одиграни кола во германското првенство, Аугсбург освои само 14 бодови и моментално се наоѓа на 15-тата позиција, последна која носи сигурен спас од испаѓање.
Вагнер доби отказ, но тоа одлично ќе го наплати. Тој имаше договор според кој треба да му бидат исплатени три милиони евра доколку добие отказ. Тоа значи дека 38-годишниот стратег за само 153 дена работа вво Аугсбург, инкасираше три милиони евра.
Пресметките велат дека Вагнер за секој ден поминат како тренер во германскиот бундеслигаш заработил по околу 19.608 евра.

