За победа на лидерот во Серија А, квотата е 2.50, зголемени коефицинети и на Интер, Парма, Нигерија…

Фудбалот повторно е најатрактивен во денешната понуда на Супер тип каде може да се најдат многу интересни мечеви со зголемени коефициенти. Во фокусот на вниманието се мечевите од италијанската Серија А.

Актуелниот лидер на табелата, екипата на Аталанта има тешко гостување во Рим против Лацио, а квотата за победа на тимот од Бергамо е одлична и изнесува 2.50. Многу полесна задача се очекува да има актуелниот бранител на скудетото, Интер. И Нераѕурите гостуваат, но кај Калјари кој се бори за опстанок, па „двојката“ е 1.50. Примамлив е и „кецот“ за триумф на Парма против Монца кој изнесува 2.52.

На африканскиот континент има важни репрезентативни пресметки. Нигерија да слави на домашен терен против Гана е со 1.94, а потполно иста е квотата и за триумф на Руанда во пресметката со Јужен Судан.

Од нефудбалските дуели има НХЛ пресметки на кои фаворитската улога ја имаат домашните екипи на Флорида Пантерс и Бостон брунс, а „кецовите“ се со квоти од 1.61 и 1.81. Во НБА лигата, Голден Стејт пред своите навивачи треба да го победи Феникс. Зголемената квота за тоа е 1.54.

- Оглас -

Најнови вести