21.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

За провокаторот Даку најверојатно заврши настапот на ЕП

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку треба да добие казна од Дисциплинската комисија на УЕФА, пишува шпански „Ас“. УЕФА објави дека во согласност со член 31.4 од својата Дисциплинска регулатива, назначи етички и дисциплински инспектор да спроведе истрага за можно расистичко и/или дискриминаторско однесување од навивачите за време на натпреварот помеѓу Хрватска и Албанија минатата среда, во Хамбург.

УЕФА поконкретно ги истражува скандирањата против Србија и Македонија од страна на хрватските и албанските навивачи. Европската федерација ќе го истражува и наводното недолично однесување на албанскиот играч Мирлинд Даку, кој по мечот кој заврши нерешено 2-2, користеше мегафон и имаше недолични скандирања против Македонците.

Според пишувањата на „Ас“, се очекува Даку да добие суспензија од неколку меча, што значи дека нема да биде во составот на Албанија за дуелот против Шпанија кој се игра в понеделник во рамките од третото коло. Албанија ако сака да се пласира во нокаут фазата ќе мора да слави над Црвената фурија.

- Оглас -

Најнови вести