За првпат од 1956 година нема да се додели Златната топка!

Најпрестижната индивидуална фудбалска награда Златна топка, која традиционално се доделува повеќе од 60 години, оваа година за првпат нема да се додели, објавија од „Франс фудбал“. Причина за откажувањето на доделување на оваа награда е „недоволно ферските услови за игра и неможноста правилно да се категоризираат досегашните постигнувања во сезоната“.

Европскиот и светски фудбал доживеја тежок удар по појавата на корона-вирусот. Повеќе од три месеци речиси никаде во светот не се играше фудбал, а откако се вратија фудбалерите на теренот, има посебни услови за игра. На трибините нема навивачи, фудбалерите имаат посебни протоколи по кои треба да се придржуваат.

Златната топка за прв пат започна да се доделува во 1956 година и досега секоја година имала свој сопственик. Лионел Меси и Кристијано Роналдо се фудбалерите кои повеќе од една деценија доминираа во освојувањето.

Аргентинецот е рекордер со шест трофеи, додека Роналдо може да се пофали со пет Златни топки. По три Златни топки во кариерата имаат освоено легендарните Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести