За првпат по 2003 година на листата за кандидати за Златната топка ги нема Меси и Роналдо

Лионел Меси и Кристијано Роналдо не се најдоа на листата од 30-мина фудбалери кои се потенцијални освојувачи на највредната индивидуална награда во фудбалот, Златната топка.
Ова е првпат по повеќе од 20 години овие двајца фудбалери да не бидат меѓу најдобрите. Последен пат тоа се случи во 2003 година, кога на листата ги немаше ниту Меси, ниту Роналдо.

Меѓу номинираните е Јамал Ламин, кој неодамна наполни 17 години. Тука се и суперѕвездите Халанд, Мбапе, Винисиус…

Со осум освоени Златни топки, Меси е рекордер по бројот на освоени вакви вредни индивидуални награди.

- Оглас -

Најнови вести