За прв пат сезонава Јанис и Леброн ќе играат еден против друг, Бостон втора вечер по ред го чека дуел со Мајами

Кошаркарската НБА-лига вечерва продолжува со 11 нови натпревари, а најголемо внимание предизвикува дуелот меѓу Милвоки бакс и ЛА Лејкерс.

Милвоки е фаворит на овој натпревар, бидејќи Лејкерси играат очајно од почетокот на сезоната, но вниманието на фановите и јавноста го предизвикува директниот дуел на едни од најдобрите кошаркари на денешницата. За прв пат сезонава, еден против друг ќе играат Јанис Адетокумбо и Леброн Џејмс.

Еден од поинтересните натпревари е тој меѓу Атланта хоукс и Денвер нагетс. Атланта има проблеми со повредите, вечерва нема да играат Колинс и Хантер, а неизвесни се Капела и Холидеј, па се очекува улогата на главни реализатори да ја преземат Тре Јанг и Дежонте Мареј. Од друга страна, отсуството на центрите на Атланта, би требало да му ја олесни работата на Никола Јокиќ кој е во лов по третиот по ред трофеј за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната. Во последните пет меча, Денвер има дури четири победи.

Во дербито на Истокот ќе играат Бостон селтикс и Мајами хит и тоа втор ден по ред. Претходната вечер славеше Бостон со 134:121.
Бостон е лидер во Источната конференција со скор 18-4, додека Мајами е 11-ти и има 10-12, но никогаш не треба да се отпишуваат Жешките.

Sport Life во својата богата понуда има 23 кошаркари за играта „плус-минус“ поени и тоа е дополнителен предизвик за сите експерти за НБА-шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести