За прв пат во историјата Реал е елиминиран на овој начин

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид доживеа вистинска катастрофа на „Сантијаго Бернабеу“ откако со 1-4 загуби од Ајакс во реванш-дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Овој пораз значеше и елиминација на Кралскиот клуб од елитната лига на УЕФА, каде што доминираше во претходните три сезони.

Ајакс направи вистински подвиг во Мадрид. Некогашниот четирикратен европски првак не само што даде четири гола, туку стана првиот клуб во историјата кој успеал да го елиминира Реал во Мадрид, откако мадридскиот гигант победил на првата средба на гости во најсилното натпреварување. Досега такво нешто му успеало само на Оденсе, но тоа беше во Купот на УЕФА во 1995 година.

Изненадувањето беше најавено уште во првата фаза од мечот. Веќе во 18-тата минута, Ајакс водеше со 2-0. И тоа е за првпат Реал да прими два гола до 18-тата минута на свој терен. Кога холандскиот тим прв ќе даде гол во ЛШ, веќе 47 средби не знае за пораз. Ајакс едноставно одигра фантастичен меч за памтење.

- Оглас -

Најнови вести