Македонија попладнево од 15.30 часот во Вараждин го игра својот четврти натпревар на Светското првенство во ракомет за мажи, а за разлика од првите три, овојпат играме во ран термин и првпат квотите во Sport Life се блиски за победи на двата тима.
На дуелите со Унгарија и Холандија бевме аутсајдери на хартија според квотите, а против Гвинеја апсолутни фаворити. Денеска Австрија е благ фаворит, но тоа никако не значи дека македонскиот тим нема шанса за триумф, напротив.
Австријците имаат проблеми со повредени играчи, првпат ќе играат во салата во Вараждин, а и тие првпат играат од 15.30 часот. Досега, како и Македонија, играа или од 18 или од 20.30.
Доколку решите да уплатите во Sport Life, на раполагање ви се над 60 опции. Може да играте на број на голови, полувреме-крај, исход по прво полувреме, во кое полувреме ќе паднат повеќе голови, колку голови ќе постигне Македонија, колку погодоци ќе има на мечот, итн.