19.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

За првпат по 20 години на СП во снукер ќе ја нема австралиската молња

Квалификациите за Светското првенство во снукер донесоа едно големо изненадување, на главниот турнир ќе го нема светскиот првак од 2010 година, Нил Робертсон. Ова ќе биде првпат по 20 години на СП да го нема 42-годишниот Робертсон.

„Молњата“ од Австралија во квалификациите стигна до 100-ти троцифрен брејк во кариерата во „Крусибл театарот“ во Шефилд, каде што се игра Светското првенство, се чинеше дека е во форма, но сепак во решавачкиот меч против Џејми Џонс од Велс беше поразен со 9-10 во фрејмови, иако Робертсон водеше со 8-5 и 9-8.

Робертсон е 24-ти на ранг-листата, годинава има послаби резултати и мораше да игра квалификации за настап на СП. Во првото квалфикациско коло го разби Зак Шурти со 10-2, но во клучниот меч загуби пет од последните шест фрејма и испадна.

- Оглас -

Најнови вести