18.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

За првпат сезонава двата тима од Белград победија во ист ден во Евролигата

Екипите на Партизан и на Црвена ѕвезда славеа во денешните натпревари од 14-тото коло во Евролигата. Партизан во Каунас дојде до четвртата победа по ред откако со 85:93 славеше над Жалгирис, додека Црвено-белите со 85:71 ја победија Алба. Интересно е што ова е првпат сезонава двата тима од Белград да победат во ист ден во Евролигата.

Црно-белите доминираа од првата минута, веднаш дојдоа до двоцифрена предност (3:13), на полувреме заминаа со плус 14 (44:58), а во второто полувреме ги одбија сите налети на Жалгирис и рутински славеа со 85:93.

Кевин Пантер со 22 поена ја предводеше листата на стрелци кај Партизан, каде што се истакнаа и Пи Џеј Доужер со 16, Џејмс Нанели со 14 и Зек Ледеј со 13 поени. Кај Жалгирис најдобар беше Кинан Еванс со 33 поени.

Црвена ѕвезда пред своите гледачи во „Штарк арената“ ја прекина серијата од два порази откако со 85:71 го победи најслабиот тим во Евролигата, Алба Берлин. Неизвеноста на овој меч беше присутна само во првата четвртина, која ја добија Црвено-белите со 25:22, а во втората четвртина направија двоцифрена предност која не ја испуштија до крајот на мечот.

Немања Недовиќ со 20 поени беше најдобар кај Црвено-белите, додека Олинде даде 13 поени кај Алба.

- Оглас -

Најнови вести