Фудбалерот на Шалке, Амин Арит, ќе треба да плати 100.000 евра казна поради кршење на правилото за изолација и социјално дистанцирање. Ноќта меѓу 19 и 20 март, Мароканецот заедно со неколку другари бил во еден наргиле-бар во Есен. Барот требало да биде затворен, а Арит и другарите имале можност да се дружат додека не се појавила полицијата.
„Вистина е дека Амин бил таму со пријателите. Тоа беше грешка, која сега и самиот ја призна. Го потсетив дека работите кои до неодамна беа многу нормални, сега се забранети и тоа мора да се почитува. Арит изрази жалење и рече дека тоа веќе нема да се повтори“, рече спортскиот директор на Шалке, Јошен Шнајдер.
Парите од паричната казна треба да бидат уплатени на организациите кои се борат против пандемијата од Коронавирусот во Германија и Мароко.