ФИФА ќе ја додели наградата The Best за 2020 година. За разлика од одлуката на „Франс фудбал“ да го откаже овогодишното доделување на Златната топка, Светската фудбалска куќа ќе го прогласи најдобриот фудбалер за оваа година, иако првичо се претпоставуваше дека ќе се откаже и оваа награда поради пандемијата со корона-вирусот.
Сепак, нема да има церемонија како што беше лани во Милано, туку доделувањето на наградите ќе се одвива виртуелно, односно преку видеоконференција.
Засега наградата за најдобар фудбалер ја држи Лионел Меси во машка конкуренција, Меган Рапино во женска конкуренција, додека најдобар тренер во светот моментално е Јирген Клоп.