Реал Мадрид вечерва во првото полувреме против Елче постигна три гола, од кои два од пенал, а реализатор беше Карим Бензема.
Реал до пред овој меч имаше утнато половина од пеналите кои беа досудени во негова полза, па Французинот ги поправи и својата и тимската статистика. Со овие голови Бензема изби пред Раул Гонзалес на вечната листа на стрелци во шпанската лига.
Инаку, актуелниот шпански првак досега сезонава изведе десет пенали. Ниту еден друг тим во Ла Лига не шутна повеќе од седум.