12.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

За речиси три милијарди евра: Атлетико Мадрид има нови сопственици!

Атлетико Мадрид и официјално има нов мнозински акционер, откако четворица членови на раководството одлучија да ги продадат своите акции на инвестицискиот фонд „Аполо спортс капитал“. Детали околу трансакцијата не се откриваат, но се проценува дека сума е помеѓу 2,5 и три милијарди евра.

Според информациите од „јорганџиите“, оваа промена нема да има никакво влијание во раководењето на клубот и нема да донесе промени на раководните позиции во клубот од Мадрид.

„Вложувањето на АСК само ќе ја зацврсти позицијата на нашиот клуб помеѓу фудбалската елита и ќе ја поддржи нашата амбиција да оствариме долгорочен успех за милионите наши навивачи ширум светот. Акционерите планираат да обезбедат нов капитал, со што ќе ги поддржат долгорочните планови на клубот, вклучително и вложувањата во екипата, како и големи инфраструктурни проекти. Тоа ги вклучува Градот на спортот, новиот спортски и забавен центар покрај нашиот стадион, Ријад ер Метрополитано. Целта на овој проект е да бидеме светска дестинација за спорт, слободно време, култура и социјални активности.“ – се вели во клупското соопштение на Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести