Доколку Един Џеко не настапи на вечерашната пресметка против Реал Мадрид од Лигата на шампионите, во Рома ќе покажат дека и не им толку важен мечот и дека поважно ќе им биде да го имаат на располагање „босанскиот дијамант“ за натпреварот со Интер претстојниот викенд.
Рома и Реал се во битка за првото место во групата Г од ЛШ, но на „волчицата“ за неколку дена ѝ претстои уште еден важен меч, овојпат од Серија А, во кој се среќава со Интер. Најавите од Рома се дека до пред самиот меч со Реал, нема да се знае дали Џеко ќе игра или ќе биде поштеден за да биде целосно фит за дуелот со ривалот од Милано.
Џеко на денешниот тренинг се пожалил на повреда во задниот дел на бутниот мускул, не го довршил тренингот и настапот му е неизвесен. Ако не може да игра најефикасниот играч на Рома (во ЛШ даде половина од головите на тимот), прва напаѓачка опција ќе мора да биде Патрик Шик.