На 7 декември на „Гладијатор арената“ во близина на Ријад во Саудиска Арабија, ќе се одржи битката за светската титула во бокс во супертешка категорија помеѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз, па по тој повод, Арапите за само 56 дена (работите почнаа на 7 октомври, а ангажирани беа 175 работници) изградија нов стадион кој има 15.000 седишта.
Стариот град Диријах кој е предградие на Ријад, е под заштита на УНЕСКО, сите објекти се од тули и кал, па со новиот стадион внесен му е малку и дух од новото модерно време. Откако ќе завршат бокс мечевите, меѓу кои и овој главниот за титулата, стадионот ќе биде демонтиран.
Стадионот има три стандардни трибини, и една мала, во која се ВИП секторот, телевизиските студија, и соблекувалните, од кои боксерите како гладијатори ќе излегуваат на арената и ќе влезат во рингот.
Џошуа се појави да ги види условите:
https://twitter.com/i/status/1198604702243524610
Еве како изгледаат трибините:
It’s nearly time! #RuizJoshua2 pic.twitter.com/uPg5wg6MZ8
— Frank Smith (@FrankSmith) November 22, 2019