Пет интересни мечеви понудени во Квоти на ден ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе ви донесат вкупен коефициент од 65.05. Интер гостува кај Комо и Нераѕурите треба да победат, а потребно е да има и барем еден гол во двете полувремиња, за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со 2.50.
Во вториот меч кој решава за титулата во Серија А, Наполи е домаќин на Калјари и тука е потребно да има од еден до три погодоци во првото полувреме, а на крајот да бидат постигнати 4+ голови за да биде добитна квотата од 2.60.
Шелбурн е домаќин на Слајго роверс и понудата е да се одигра на голови, и тоа да има од еден до три гола во двете полувремиња. Оваа комбинација е со квота од 1.90.
На дуелот меѓу Сент Патрик и Ватерфорд потребно е двата тима да постигнат барем по еден гол и да има барем по еден погодок во двете полувремиња. Ако биде добитна оваа комбинација, ќе донесе супер квота од 2.45.
Бетис да не загуби на свој терен од Валенсија во меч на кој двата тима ќе дадат гол се вреднува со 2.15.