28.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

За сè има првпат: На Мурињо му заврши долгата низа без пораз во првото коло

Евертон и Карло Анчелоти се виновни што заврши низата на Жозе Мурињо без пораз во премиерното коло од новата сезона за првпат во неговата тренерска кариера.

Цели 18 години претходно Специјалниот не паметел пораз на стартот од првенството како менаџер на Порто, Челзи (два мандати), Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, но со Тотенхем не успеа да ја одржи низата откако Карамелите триумфираа со минимални 1-0 во Лондон.

Во 18 сезони претходно, Мурињо со своите екипи издвоил 11 победи и седум ремија.

- Оглас -

Најнови вести