Екипата на Интер Мајами предводена од Лионел Меси го продолжува одличниот старт на сезоната во МЛС шампионатот во САД. Во дербито на колото, Интер Мајами на гости со 1:0 го победи Колумбус.
За Колумбус ова е прв пораз сезонава, а Интер Мајами може да се пофали дека е единствен тим без пораз во првенството во кое има 30 екипи. Интер славеше на теренот на Колумбус и тоа пред рекорден број на гледачи.
На стадионот во Кливленд беа присутни 60.614 гледачи, што е рекорд во клупската историја на овој фудбалски клуб.
🚨🚨Messi effect for second week running!
Another day another new record set. 🙌 pic.twitter.com/ENGXPf61Yx
— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) April 19, 2025
Интересно дека ова е второ гостување во само седум дена на Интер Мајами и втор пат се поставува клупски рекорд по број на гледачи. Минатата недела Интер со Меси гостуваше кај Чикаго фајрс, а средбата заврши без погодоци.
На тој меч, на стадионот во Чикаго имаше 62.358 гледачи што е нов клупски рекорд.