Лондонскиот Челзи е доказ дека само со трошење многу пари за купување играчи не може да се купи и успех на фудбалски терен, а не помогнаа ни смените на тренерите.
Сините во 2023 година во Премиер лигата имаат освоено само 39 бода на 39 меча и со просек само од еден бод по натпревар, тие се најлош тим меѓу актуелните премиерлигаши.
Ова е катастрофа за клуб кој во 2022 и 2023 година потроши дури 1,1 милијарди евра за нови играчи.
Слични бројки имаат само уште Кристал палас и Нотингам форест, кои се малку подобри со просек од 1.02 бода по меч бидејќи имаат и еден меч помалку, а исто така освоија 39 бода. Борнмут освои 42 бода, Евертон на терен освои 44.
Најдобар е Манчестер сити со просек од 2,2 освоени бодови по меч, а втора е Астон вила со просек од 2.05 бода по меч.