8.3 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

За секоја победа на ЕП, ракометарите ќе добијат премија од 2 милиони денари

Владата преку Министерството за спорт и во соработка со Ракометната федерација на Македонија обезбеди финансиска премија за македонската машка ракометна репрезентација од 2 милиони денари за секоја победа, и уште 2 милиони денари за пласман во втората фаза на ЕП 2026.

Ова им беше пренесено на играчите од министерот Борко Ристовски и раководството на РФМ на чело со претседателот Александар Стефанов.

„Ракометната Федерација на Македонија е со нашите ракометари пред новиот европски предизвик – со тим кој не го поврзува само дресот, туку и заедничката љубов кон ракометот и Македонија.

Играњето за репрезентацијата е чест, но и огромна одговорност. Убедени сме дека нашите ракометари ќе настапат со мирна глава, силна мотивација и максимална посветеност на Европското првенство што од 15 јануари до 2 февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Континуитетот на настапи на големите натпреварувања е доказ за сериозна работа, истрајност и македонско срце.

Во соработка со Министерството за спорт, ќе биде обезбедена премија од 2 милиони денари за секоја победа, како и дополнителни 2 милиони денари за пласман во втората фаза на ЕП 2026.

Играјте храбро и со срце – Македонија е со вас“, порачаа од РФМ.

- Оглас -

Најнови вести