1308 Севилја – Атлетико Мадрид (21ч)
Атлетико Мадрид на тешкото гостување кај Севилја отпатува без клучните Жоао Феликс и Јаник Караско, а поради повреда не игра и напаѓачот Дембеле. Тоа може да биде голем проблем за Симеоне и неговите Јорганџии, кои елат на победа за да ја одржат минималната бодовна предност во однос на Реал и Барселона во трката за титулата.
На домашен терен Атлетико славеше со 2-0 претходно сезонава, а сега со форма од три победи и две ремија во шампионатот, ќе атакува на двоен триумф над Андалужаните, на кои им преостана да го потврдат четвртото место во Ла Лига и пласманот во ЛШ.
Атлетико славеше само еднаш на последните пет гостувања на „Рамон Санчес Писхуан“, повеќе од три години чека на радост во Андалузија, а она што треба да се знае е дека кога Севилја и Атлетико се среќаваат на овој стадион, редовно се тресат двете мрежи.
Предлог тип: ГГ3+ (3.20)
1008 Манчестер јунајтед – Брајтон (20:30ч)
Јунајтед многу лесно може да го наниже 10-тиот лигашки натпревар без пораз, а воедно да се одлепи од Лестер и да го зацврсти своето место како вицешампион во Премиер лигата.
Црвените ѓаволи имаат перфектен учинок од четири победи како домаќин против Брајтон, односно се во серија од вкупно пет победи против Галебите во меѓусебните дуели.
Тоа значи дека Брајтон во борбата за опстанок може да заборави на освојување бодови на „Олд трафорд“ и да се фокусира на наредните предизвици.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.07)
1710 Марсеј – Дижон (21ч)
Сампаоли ќе мора да го крпи тимот за овој меч поради бројни отсуства, но Марсеј секако треба да ја продолжи традицијата без пораз од Дижон во лигашки рамки.
Фенерџијата во Лига 1 на „Велодром“ доаѓа со катастрофална форма од 11 нанижани порази, а во петтото гостување е на прагот да го претрпи третиот пораз од Марсеј.
Со победа Марсеј ќе ги одржи шансите да обезбеди пласман во Лигата на Европа.
Предлог тип: 1 & 1+ прво (2.04)
1307 Кадис – Валенсија (18:30ч)
Ремито од првата овосезонска пресметка на „Месталја“ беше уште една потврда за Кадис дека може да се надигрува со поквалитетните екипи, меѓутоа Валенсија е далеку од конкурентна како во минатото.
Двете екипи во овој дуел влегуваат со нестабилна форма, што прави прогнозата да биде потешка. Повратникот во шпанската елита од 1991 година чека на победа против Лилјаците, Кадис има шанси да изненади ако се знае дека Валенсија од 14 гостувања сезонава славеше само во две, а загуби дури осум.
Најреална опција е да се чекаат погодоци, но не премногу.
Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.51)
1809 Унион Берлин – Херта Берлин (18ч)
Старите градски ривали со посебни мисии влегуваат во дербито во кое целта ќе биде да се освојат трите бода. Унион може да запне и во финишот од сезоната да се надева на обезбедување пласман во Лигата на Европа, додека Херта посакува да излезе од битката за опстанок.
Херта доби три од последните пет меѓусебни средби, а од последните две гостувања кај градскиот ривал памети по еден триумф и победа. Има шанси овој меч да биде ефикасен, бидејќи во седум лигашки пресметки само еден дуел завршил со минимални 1-0, на останатите просекот е три погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (2.50)