За шампион на Премиер лигата можеби ќе се игра мегафинале помеѓу Сити и Ливерпул!

На три кола до крајот, голема е неизвесноста околу шампионската титула во англиската Премиер лига, а теоретски постои можност Манчестер сити и Ливерпул да ја завршат сезоната со еднаков број бодови, со иста гол-разлика, а изедначени се и во меѓусебните дуели (двапати одиграа по 2-2).

Англичаните мислеле и на ваква можност, иако досега никогаш не се случило такво нешто. Ако два тима бидат изедначени во сите три критериуми за првак, тогаш на 25 мај се игра плејоф-финале, еден меѓусебен меч на овие екипи кој ќе решава кој да биде првак.

Во моментов Сити ги има конците во свои раце, има три бода предност и малку подобра гол-разлика од Црвените. Но, ако Граѓаните загубат еден меч, а Ливерпул ги добие сите три до крај, од кои првиот вечерва со Астон вила, тогаш гол-разликата ќе одлучува кој да биде шампион.

Кандидати за трофејот имаат приближно иста гол-разлика. Манчестер сити има 89-21 во моментов, а Ливерпул е на два гола заостанување, 87-23. Ако Ливерпул вечерва победи со 2-0, а Сити го загуби следниот меч со 0-2, ќе бидат со иста гол-разлика.

- Оглас -

Најнови вести