За Шарди заврши сезоната, имал реакција по примена антиковид вакцина

Жереми Шарди, искусниот француски тенисер, мора да стави предвремен крај на својата сезона откако добил негативна реакција од вакцина против корона-вирусот.

„Откако се вакцинирав, имам проблем и серија повреди. Не можам ни да тренирам, ни да играм, имам болки штом почнам со поголем физички напор“, вели 34-годишниот тенисер, кој е 73-ти на АТП ранг-листата.

„Се консултирав со двајца лекари, направив неколку теста за да знам што ми е, најважно е да се грижам за себе. Ќе одморам извесно време за да бидам сигурен во иднина дека ова нема да се повтори“, додава Шарди, кој во кариерата има само една титула, во Штутгарт во 2009 година, а ги победил Федерер, Мареј и Медведев.

- Оглас -

Најнови вести