1003 Манчестер сити – Шефилд јунајтед (16 ч.)
Пред само три дена Шефилд победнички си замина од Манчестер кога на „Олд Трафорд“ со 2:1 го победи Јунајтед. Сега гостите веруваат во уште едно чудо, играат на теренот на Манчестер сити.
Граѓаните се лидери во првенството и имаат неверојатни 11 победи во сите натпреварувања, додека Шефилд е на дното со само осум бода од 20 средби. Неверојатно делува фактот дека на 15 од последните 18 меча на овие два тима немало повеќе од два гола, но многу веројатно дека ова ќе биде средба со повеќе од три погодци.
Предлог тип: 1-1&4+ (2.90)
3003 Сампдорија – Јувентус (18 ч.)
Јувентус на овој меч ќе биде без Дибала, Кулушовски и Бернардески, но сепак ја има фаворитската улога на гостувањето кај Сампдорија. Тоа што е карактеристично за дуелите на овие два тима е дека на последните шест меча секогаш имало меѓу два и три погодоци.
Во последните 12 меча секогаш имало победник. Јуве има 10 победи, а два пати се радувала Сампдорија. Гостите се фаворити и мора да освојат три бода ако сакаат да се приклучат кон екипите од врвот на табелата.
Предлог тип: 2&2-5 (2.03)
1807 Лајпциг – Баер Леверкузен (18:30 ч.)
Дуел на двете екипи кои некако држеа чекор со лидерот Баерн Минхен, но сега веќе имаат драстично заостанување. Лајпциг е тимот кој има најдобар биланс на свој терен сезонава, но и Фармацевтите се одлични на гости.
Офанзивната игра е карактеристична за двата тима, па не е случајно тоа што на седум од нивните девет дуели се треселе мрежите на двата тима, односно било гол-гол. Погодиците и сега се во најава за шоу во дербито на Бундеслигата.
Предлог тип: ГГ3+ (2.01)
1703 Олимпик Марсеј – Рен (21 ч.)
Четири порази по ред е сигнал за очајна форма на тимот од Марсеј, кој на почетокот на сезоната покажа дека има високи амбиции. Рен игра одлично на гости и има само еден пораз во 10 меча, а одбраната е главен адут на тимот.
Двата тима се борат за место кое води излез во Европа, што ќе биде уште еден мотив плус за домаќините да не го претрпат петиот неуспех во низа.
Предлог топ: 1Х&0-3 (1.77)
1304 Валенсија – Елче (18:30 ч.)
Валенсија сезонава е во незавидна ситуација, па има само 20 бода од 20 меча и е на два бода од зоната за испаѓање. Елче има 17 бода, но и два меча помалку, што значи дека домаќините никако не смеат да си дозволат кикс на овој дуел.
Есеноска Елче победи со 2:1, но реално е Валенсија сега да се реваншира.
Предлог тип: 1 (1.70)