32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

За шест меча од кои четири се супер дуели, прогнозерите нудат одличен вкупен коефициент

Одлични беа прогнозерите по вчерашните седум одиграни меча кои беа дел од ова коло на Спортска прогноза, а за денеска остануваат уште шест средби со кои треба да се комплетираат возбудувањата.

Возбудувањата ќе започнат со дуелот меѓу Осасуна и Селта Виго на кои речиси две третини од прогнозерите очекуваат победа на домаќините. Брест и Ница играат во меч на кои повеќе од 50 отсто прогнозери чекаат да биде нерешено, а 29 отсто се за единица.

Потоа следуваат четири екстра дерби дуели од четири различни првенства. Арсенал е домаќин на Ливерпул и ова е најнеизвесниот дуел според прогнозерите кои се најмногу поделени во типувањата. За „кец“ се 39 отсто, во реми веруваат 34 отсто, а 27 отсто  веруваат во триумф на Ливерпул.

Олимпик Марсеј гостува во Лион и 50 отсто од прогнозерите чекаат победа на гостите. Интер е домаќин на Јувентус, а 53 отсто од прогнозерите чекаат победа на Нераѕурите. Реал Мадрид треба да победи против градскиот ривал Атлетико, барем според безмалку 70 отсто од прогнозерите.

Ако се послушаат размислувањата и прогнозите на доминантниот дел од играчите на Спортска прогноза, на еден тикет за денешните шест меча може да добиете примамлив коефициент од 84.29.

 

1361 Осасуна – Селта Виго                1   2.35

1708 Брест – Ница                             Х    2.95

1133 Арсенал – Ливерпул                 1Х   1.41

1709 Лион – Олимпик Марсеј            2    2.55

3001 Интер – Јувентус                      1   1.90

1362 Реал М. – Атлетико М.              1    1.78

————————————————-

Вкупен коефициент: 84.29

- Оглас -

Најнови вести