За шест месеци во Саудиска Арабија заработи вистинско богатство, па сега повторно се враќа во Европа

Колумбискиот напаѓач, Џон Дуран, пред само шест месеци направи сензационален трансфер од Астон вила во Ал-Насар за неверојатни 77 милиони евра. Првата полусезона како соиграч на Кристијано Роналдо настапи на 18 натпревари, на кои постигна 12 гола, но сега ќе ја напушти Саудиска Арабија.

Дуран има договор со Ал-Наср до 2030-тата година, но тешко е за верување дека некоја екипа ќе плати ниту приближно до тоа што го платија за него Арапите, па одлуката на раководството е тој да оди на позајмица во Фенербахче, па со работата под палката на Жозе Мурињо да се врати уште подобар во Саудиска Арабија.

Според медиумите во Велика Британија, Дуран за шест месеци заработил осум милиони евра, дури петпати повеќе од тоа што би го заработил во Англија за истиот период.

- Оглас -

Најнови вести