За Шкупи нема зима со Меси од Костарика – Алварез со прекрасен гол ги спаси чаирчани од пораз против шампионот

Интернационалецот од Костарика, Фреди Алварез, постигна еврогол од слободен удар во последните моменти на дербито меѓу Шкупи и Шкендија и им донесе вреден бод на чаирчани во трката за титулата.

Алварез уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите играчи што моментно настапуваат во нашата Прва фудбалска лига, а дербито заврши нерешено, 1:1.

Претходно, албанскиот интернационалец Сидрит Гури најави победа на гостите од Тетово во дербито од 17. коло во македонската Прва лига, а со неговиот гол во 71. минута актуелниот првак Шкендија поведе со 1:0 против лидерот Шкупи на „Чаир“ во Скопје.

Сега Шкупи има предност од 7 бода пред Академија Пандев и 8 од Шкендија, а во прилог на двете екипи им е исходот на второто дерби во ова коло во Ѓорче Петров.

Македонија го декласира тимот на Академија Пандев со 4:1 и ги остави струмичани со празни раце.

Лавовите одиграат одличен меч и со головите на Ламос, на Воша, кој погоди двапати и на Попзлатанов славеа вредна победа за скок на шесттото место со 24 бода.

Резултати, 17. коло: Шкупи – Шкендија 1:1, Македонија Ѓ.П. – Академија Пандев 4:1, Ренова – Тиквеш 1:1, Скопје – Струга 1:0, Брегалница – Работнички 1:2, Пелистер – Борец 1:3.

Табела: Шкупи 39, Академија Пандев 32, Шкендија 31, Ренова 27, Брегалница 26, Македонија Ѓ.П. 24, Струга 23, Работнички 22, Скопје 20, Тиквеш 15, Борец 12, Пелистер 5 бода.

 

 

- Оглас -

Најнови вести