За што размислува Гатузо и таквите како него?

Претседателот на Асоцијацијата на италијанските фудбалери (АИЦ) Дамиано Томаси ги критикуваше клубовите кои најавија дека во следните неколку дена ќе се вратат на тренинзи.

„Не знам за што размислуваат тие луѓе кои закажуваат тренинзи. Го велам ова без да имам намера некого да навредам. Првенството нема да продолжи барем уште два месеци, па навистина нема смисла да се почне сега со тренинзи. Навистина е опасно надвор“, вели Томаси.

Челниците на Калјари беа први кои најавија дека нивниот тим се враќа на тренинзи и тоа веќе од понеделник, додека за во среда се закажани првите тренинзи на екипите на Лацио и Наполи.

Министерот за спорт во Италија, Виченцо Спадафора најави дека првенството во Серија А, сигурно нема да започне пред 3 мај. Италија е најмногу погодената земја од Коронавирусот. Има преку 47.000 заразени од опасниот вирус, а бројката на починати ја надмина границата од 4.000 луѓе и сега Италија е земјата со најмногу мртви од Коронавирусот, превземајќи го приматот од Кина.

- Оглас -

Најнови вести