За што се користи тогаш? Судиите во Премиер лигата признаа дека ВАР ги оштети Вест Хем и Њукасл

На два вчерашни натпревари во Премиер лигата имаше контроверзни ситуации, кои што мораа да бидат решени со користење на ВАР.

Но, токму со неговото користење беа донесени погрешни одлуки. Првата е на штета на Вест Хем, каде што на средбата со Челзи постигнаа израмнувачки гол за 2:2, но истиот подоцна беше поништен со ВАР, поради наводен фаул над голманот на Челзи, Менди.

Њукасл, пак одигра 0:0 против Кристал Палас, но тие постигнаа гол, кој исто така беше поништен поради фаул на голманот Гуаита.

„По детално прегледување на двете ситуации, можеме да кажеме дека Њукасл и Вест Хем се оштетени поради лошата употреба на ВАР системот. Сето ова во иднина ќе ни послужи за подобро согледување на ситуациите и што поправилни одлуки на фудбалските натпревари“ соопштија од ПГМОЛ, која е асоцијацијата на судиите во Англија.

- Оглас -

Најнови вести