Раководството на најтрофејниот македонски клуб Вардар одлучи за сите мечеви во оваа сезона кои вардарци ќе ги играат на свој терен, билетите да чинат 200 денари за јужна и 100 денари за источна трибина.
„На последната редовна седница на одборот на директори на АД ФК Вардар донесена е одлука: Цената на билетите за сите натпревари кои ФК Вардар ќе ги игра на домашен терен до крајот на сезоната 2025/26 да биде за југ 200 и за исток 100 денари. Навиваме за Вардар!“, објавија Црвено-црните.