Фарски Острови е една од најмалите држави во Европа и има само 48.000 жители. Иако се работи за земја која нема поголем успех на спортски план, тие испишуваат историја со пласманот во баражот за Светското ракометно првенство.
Еден чекор ги дели Фарски острови да бидат дел од планетарниот собир, но реално треба да се случи чудо. Во април ќе играат два меча против Германија, а подобриот ќе биде дел од Мундијалот.
Во квалификациите, Фарските острови одиграа одлично и завршија како победници во групата пред Италија, Луксембург и Летонија. Нивниот следен предизвик требаше да биде полуфинален бараж против Белорусија, но откако Белорусија доби санкции поради поддршката на Русија за нападите врз Украина, селекцијата на Фарски острови обезбеди директен пласман во финалето од баражите, каде ги чека Германија.
Дека овие постигнувања на Фарски Острови не се изненадување покажува и квалификациите за минатото ЕП. Беа во група со Русија, Чешка и Украина и речиси сите мечеви ги одиграа егал, а успеаа и да ја шокираат Чешка победувајќи ја со 27:26.
Фарски Острови негува скандинавски ракомет, а голем дел од репрезентативците играат во лигите во Данска, Норвешка и Шведска. Следниот месец тешко дека ќе ја изненадат Германија, но секако нема да биде чудо ако за некоја година оваа репрезентација на видиме како дел од некое големо ракометно натпреварување.