За Солари, се знае кој ќе биде прв голман на Реал

Тибо Куртуа ќе брани во Лигата на шампионите и шпанската лига, а Кејлор Навас само во Кралскиот куп на Шпанија. Третиот чувар на мрежата, Кико Касилја, само ќе тренира и во составот може да влезе ако некој од првите двајца е повреден или добие одмор. Ова е намерата на новиот привремен тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари.

Кај претходниот тренер Хулен Лопетеги, двајцата одлични голмани добиваа шанса. Куртуа бранеше во лигата, а Навас во ЛШ, а Касилја требаше да брани во Купот. Сега, Навас ќе биде ставен во заднина и ќе брани само во Купот, барем според информациите кои ги објавија шпанските медиуми.

Дали ова ќе биде така, наскоро ќе се дознае, бидејќи во наредните неколку дена, Реал ќе игра и во Примера и во елитното континентално натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести